За нас

Фирмата ПАПАЛ Дизајн е формирана во 1991г. во периодот на трансформација, кога се формираше Р.Македонија.

Основач на фирмата e Велчо Петровски - ПАПАЛ кој повеќе од 20 години работеше во фирмите ЗАДРУГАР, Нова Трговија и Јавор како аранжер на излозите на објектите.

По формирањето фирмата продолжи да се занимава со истата дејност - аранжирање, за подоцна да се прошири и во областа на производство на повеќе различни производи од плексиглас во повеќе бои и дебелини.

Денес фирмата со повеќе од 20 години постоење гордо може да се претстави како лидер во дизајнирање на излози за фирми како и за изработка на секаков вид на светлечки реклами.

Следејќи ги најновите трендови во изработката на светлечки реклами меѓу другото можиме да понудиме изработка на класични светлечки реклами, изработка на светлечки тотеми, реклами изработени од NEON стаклени цевки, како и изработка на реклами со LED диоди во сите бои.

Исто така вршиме продажба на секаков вид на украсни фолии за аранжирање на излози како и фолии за стакло (пескарени фолии) во повеќе бои и дезени.

Предноста на нашата фирма е тоа што ви нудиме комплетно решение од почетниот дизајн, па се до завршната монтажа на завршениот производ.

Седиштето на фирмата се наоѓа на ул. П.П.Њјегош 129а - (пред Ленски Мост) во улицата кај звончарите во Битола.


UberGallery
  • 1 PRIZNANIE
  • 2 PRIZNANIE
  • 3 PRIZNANIE
  • 4 PRIZNANIE
  • 5 PRIZNANIE
  • priz
  • Priznanie
  • proslava 20 godini Papal Dizajn
  •  Papal Dizajn